Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои гореа врсничка со цигари и ја тераа да лиже кучешки измет, ќе одат во поправен дом
На четирите тинејџерки против кои се водеше постапка за бруталното насилство врз 13-годишно девојче во скопската општина Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом.
-По однос на предметот со малолетниците, изречена е мерка – упатување во воспитно – поправен дом за сите деца. За првообвинетото дете е во траење од 1 година, за останатите деца е 8 месеци. Имајте само предвид дека пресудата е во фаза на изработка, не е експедирана и не е правосилна – велат од Кривичниот суд.
Одлуката сè уште не е правосилна, туку е во фаза на писмена изработка и сè уште не е доставена до странките.
Случајот ја вознемири јавноста откако во група деца во два наврати физички малтретирале 13-годишно девојче, ученичка во основно училиште во Ѓорче Петров, додека дел од присутните го снимале насилството со мобилни телефони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои…
На четирите тинејџерки против кои се водеше…
Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…
Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…
За да нема голем ценовен скок на…
Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…
Битолчанка физички нападната и психички малтретирана од…
На 10.11.2026 во 23:10 часот во СВР…
Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори
Поранешниот претседател и носител на листата на…