Објавено на:

ИМА ЛИ ЖИВОТ ПОСЛЕ „ЗАДРУГА“? Некој ќе биде тик-токер, некој пак ќе вози шлепер, а љубовниот триаголник е во неволја

t

Жељко Митровиќ, директорот и сопственик на „Пинк медиа груп“, синоќа излезе со официјално соопштение и откри дека најдоцна во рок од 10 дена ќе ја раскине „Задруга“. Оваа објава предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, а многумина се прашуваат што ќе прават натпреварувачите од шестата сезона по откажувањето на реалното шоу, бидејќи многумина од нив со години се зависни од оваа шоу програма.

Едно е сигурно, нема зима за постарите ријалити актери и пејачи, пишува српскиот портал Република.

Зорица Марковиќ има една од најуспешните кариери на сцената, а успешно се занимава и со угостителство. Лепи Миќа повеќе од 10 години е во разни реални шоуа и има заработено значителна сума пари што ја чува. Пејачот Микица Бојаниќ освен што пее, возел и шлепер во странство, а неговиот татко Милош важи за еден од најбогатите луѓе во забавната музика.

Членовите на љубовниот триаголник кој ја тресе „Задруга“ се во неволја. Ѕвездан Славниќ со години не заработуваше пристојни примања и беше во затвор поради кражба, а имаше и проблеми со коцкање и со долгови, па реалното шоу му дојде како кец на десетка. Славниќ дури планираше да влезе и во следните неколку сезони за да се збогати, но овој план очигледно ќе му пропадне. Славниќ во „Задруга“ откри и дека сакал да најде чесна работа, но дека Ана Ќурчиќ не му дозволувала, а често зборувале како сакале да отворат перална за автомобили.

Ана, пак, има многу поголема плата од нејзиниот сопруг, а успешно водела и салон за убавина, па најверојатно ќе го прошири бизнисот. Љубовницата на Ѕвездан, Анѓела Ѓуричиќ, има фризерски салон во Херцег Нови, богато семејство кое издава станови, а дури минатата сезона имала план да отвори салон во Белград.

Анѓела и Ѕвездан за време на учеството во „Задруга“ стекнаа голем број обожаватели, кои редовно им испраќаат подароци на имотот, па може да се заклучи дека и тоа ќе им биде дополнителен извор на приходи.

Маја Маринковиќ учествуваше во пет сезони на „Задруга“, но поради казни не заработи многу, па зависеше од нејзиниот татко Таки и од рекламите на Инстаграм, кои најверојатно ќе и бидат главен извор на приходи по откажувањето на реално шоу.

Александра Николиќ пред „Задруга“ беше промоторка и анимир дама во земјава и странство, а за време на врската со Дејан Драгојевиќ почна да снима клипови за Јутјуб. Алекс добивала пари и од навивачите. Во оваа сезона таа призна дека сака да студира програмирање затоа што сака да заработи многу пари.

Нејзиното момче Филип Цар, пред неговото прво учество во „Задруга“, работел како обезбедување во клубови на хрватското приморје. Засега не се знае што ќе прави по укинувањето на шоуто, но често споменуваше дека сака да се врати во родната Цриквеница и таму да го продолжи животот.

Неколку актуелни учесници имаат занимања од кои заработувале пред „Задруга“, додека други немаат ни ден работен стаж. Диџеј Тамарис работел во аптека и бил диџеј, Анита Станојловиќ е професионален шминкер, Миљана Поповиќ е актерка, Лазар Чолиќ Зола е диџеј, Билал Брајловиќ е инфлуенсер а неговото семејство води успешен ресторан во Сараево, Јована Томиќ Матор има кафуле а работи и на белградски сплав, Миљан Врачевиќ работи како шофер во Итната помош а некогаш бил обезбедување на познати личности, Жана Ѓорѓевиќ работела во кетеринг, а Марко Марковиќ е манекен.

Марко Петрушевиќ Петруќи престанал да пее и заработувал во градежништвото. Иван Маринковиќ има долга ријалити телевизиска кариера, а како што открива, тој и неговата вереница Јелена Илиќ заработените пари ќе ги вложат во некој бизнис. Ана Спасојевиќ, Ненад Лазиќ Неца и Предраг Лазиќ Пеца заработија преку ТикТок, што стана тренд кај поранешните задругари, а веројатно многумина од сегашните на тоа ќе се посветат и по откажувањето на реалното шоу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ го разоткри планот за уништување на…

Се обидуваат да ја испровоцираат Србија да…

Муцунски – Борел во Вашингтон: Нашето членство…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Се шири аферата „Рајнметал“ – Кремљ негира…

Медиумските извештаи дека Москва планирала атентат на…

Зеленски го навреди Орбан: Не можат сите…

Не можат сите лидери да преговараат за…

Изберете Николоски: Нема да дозволам да се…

Нејасно е како 12 години не е…