Граѓаните удрија по министерката, а се бара и оставка: Да кажеше Трпе што мести раткапни во Благодарево дека нема потреба од граматика, да разберам…

t

Изјавата на министерката за образование, Весна Јаневска, дека учениците не мора да учат граматика од учебници бидејќи си учат странски јазици од серии наиде на остри реакции на социјалните мрежи.

Ова искоментира и познатата инфлуенсерка „Ина Многуфина“, која напиша:

„Да го каже ова Трпе што мести раткапни во Благодарево ај и да разберам некако, он од англиски знае само Кока Кола и Малборо. Ама да го изјави Министер за образование дека граматика нема потреба да се знае, шо знам…. а може и во право е. Кај ќе идат децава, со кого ќе зборат во странство? Не се збори со непознати. Нек научат од серии да нарачаат кафе, да прашаат лево десно кај е нешто и доста е, после ќе се вратат дома иф ју ноу уат ај мин“.

Коментар даде и сопругата на Апасиев, Тамара Јованов.

– “Не е потребно да се учи граматика, кога учиш странски јазик.”

– Министерката за образование, професор

Ова ми е слично на ограничениот муабет од типот “не ти треба теорија, за да научиш одредена област” – тешка глупост!

Во право е, ако целта ни е најниско ниво на познавање на странски јазик, колку да се рече.

Ако пак целта ни се деца кои се квалитетно образувани, ќе треба и “троа” граматика.

До кога ќе се спрдачиме со образованието, како основа за развој на секоја земја, само тоа да каже некој. – напиша Јованов на Фејсбук.

– “Децата учат од серии и филмови. Не им треба граматика, именки заменки…”

За ваква изјава во нормална земја се дава оставка и политичка пензија, поготово од министер за образование. – стои во друга објава на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечна оценка од државната матура е 3,66,…

Просечната оценка од полагањето на матурата во…

Јаневска најави можно затворање на универзитети во…

Министерката за образование Весна Јаневска најави можно…

Аларм во Просветен инспекторат: Каде е и…

Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во…

Пратениците гo намалија бројот на стипендии за…

По скратена постапка денес во Собранието беа…

Јаневска: Доколку не вложуваме во вештачката интелигенција…

Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е…