Инвалидитет: Собранието ни годинава немаше услови за работа поради тесното мнозинство

t

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, организираше прес-конференција за завршната годишна изјава во врска со работата на законодавниот дом.

Спикерот Џафери во својата изјава рече дека Собранието годинава работело почитувајќи ги здравствените протоколи, со кои се предвидува да не се организираат други настани и собири, додека медиумите можеа да ги следат седниците само од ТВ-каналот на Собранието.

„За жал, и оваа година бевме принудени да функционираме следејќи ги протоколите за заштита од КОВИД-19, што се разбира наметна одредени измени во секојдневното работење на законодавниот дом. Покрај тоа, константно имавме отсуства на пратеници поради заболување со вирусот“, соопшти Џафери.

Тој потсети дека годинава се одржаа локални избори, период во кој не се одржаа пленарни и комисиски седници.

„Од вкупно 59 одржани пленарни седници одржани во овој мандат од почетокот на овој парламентарен состав, целосно се завршени 39 седници. Незавршени пленарни седници се вкупно 20. Вкупно донесени закони во 2021 година се 209, од кои 111 закони се донесени со редовна постапка, а по скратена постапка се донесени 79 закони“, рече Џафери.

Освен тоа, тој рече дека се донесени 21 закон за ратификација на договорите на Република Македонија со други земји.

Како низ текот на цела 2021, така и кон крајот на годината, Џафери продолжи да го толкува деловникот своеволно, во интерес на парламентарното мнозинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Хактан: Владата создава паралелни структури на извршната…

Повторно се создава паралелна власт во институциите,…

Крмов: Левица наскоро ќе поднесе интерпелација за…

Левица наскоро ќе ја поднесе интерпелацијата за…

Пратениците од бугарското Собрание одбија да направат…

Пратениците од бугарското Собрание од Привремената комисија…

(Видео) Исмаил до Мицевски: Ви предложивме „Македонска…

Да ви укажам благодарност за тоа што…