Индустриските производи во февруари поскапеле за 1,6 проценти на месечно ниво

t

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари годинава се повисоки за 1,6 проценти на месечно и за 18,5 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во февруари во споредба со јануари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи се повисоки во групите Капитални производи за 0,2 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти.

Во февруари годинава во однос на февруари минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 33,2 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 22,1 процент, Капитални производи за 35,9 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,9 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти ги повика лидерите на Вреди на…

Во петок на ифтар лидерите на коалицијата…

Мојсоска по насилството во Радоциш: Владејачкото мнозинство…

*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица,…

Белгија планира да испрати затвореници во Косово

Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или…

Одложен „историскиот митинг“ кој го најави Вучиќ

Митингот на кој повика партијата на Вучиќ,…

Османи: ВЛЕН ја води Македонија во опасна…

Поранешниот министер за надворешни работи на Македонија,…