Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште на фирма осомничена за криминал во „Адитив“

t

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на Владата предводена од Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја дека без јавна постапка доделила седум хектари државно земјоделско земјиште на фирмата „Хем-Алијанс“, која е осомничена во случајот „Адитив“, што веќе е во фаза на судски процес.

Според Левица, фирмата „Хем-Алијанс“ од село Пепелиште, Неготино, е во сопственост на семејство чии членови претходно раководеле со енергетски капацитети – ТЕЦ Неготино и РЕК Битола – и се поврзани со сомнителни јавни набавки во рамките на државната енергетска компанија.

„Наместо оваа фирма да биде под лупа на истражните органи додека трае судскиот процес, владата ја наградува со државно лозје“, обвинува Левица. Според нив, договорот е склучен преку непосредна спогодба, со што се избегнала законската процедура за јавен оглас и јавно наддавање, што, како што велат, отвора сериозни сомнежи за корупција.

„Земјиштето кое би требало да им припадне на чесните земјоделци, наместо тоа се доделува на осомничени за перење пари“, додаваат од Левица.

Партијата бара итно раскинување на договорот со „Хем-Алијанс“ од страна на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), и распишување јавен оглас за распределба на земјиштето. Во спротивно, најавуваат дека случајот ќе го третираат како „чиста коруптивна зделка“ и дека истиот ќе биде предмет на идни истраги.

Целото соопштение во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…

Левица: Ако за нешто треба да се…

Не се точни изјавите на Мицкоски дека…

Левица бараше една изборна единица и укинување…

Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…