Инкасатор од Свети Николе затаил 82.000 денари — наплаќал за погребални услуги, а парите ги ставал в џеб
62-годишен вработен во „Комуналец“-Свети Николе ќе одговара за затајување откако, кога со усна наредба му дале да работи со пари, присвоил околу 82.000 денари, кои ги наплатил за погребални услуги, соопшти МВР.
„Надворешната канцеларија за криминалистичка полиција Свети Николе поднесе кривична пријава против Б.Д.(62) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Во периодот од декември 2022 година до декември 2025 година, пријавениот, како вработен во ЈП „Комуналец“- Свети Николе на работно место одржувач на вода, а согласно усна наредба распореден како инкасатор во Градскиот пазар за наплата на сметки за вода и погребални услуги, противправно присвоил пари од граѓаните, наплатени по основ на сметки за погребални услуги во вкупен износ од 82.180 денари“, пишува во полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инкасатор од Свети Николе затаил 82.000 денари…
62-годишен вработен во „Комуналец“-Свети Николе ќе одговара…
Алармантни бројки: Осум случаи на семејно насилство…
Осум одделни случаи со елементи на семејно…
Жена нападната од синот и снаата
На 05.09.2026 во 14:20 часот во СВР…
Уапсени пет лица во Галичник, при претрес…
На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до…
Драма во Пехчево: Маж седел со друга…
На 04.09.2026 во 10:59 часот во ОВР…