Инфлацијата во еврозоната се намалува, ама сепак е превисока!

И покрај фактот дека инфлацијата во еврозоната во февруари падна на 8,5 отсто, благодарение на остриот пад на цените на енергенсите, сепак таа е превисока, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.
Таа предупреди дека ЕЦБ се соочува со „зголемено ниво на несигурност“ и дека ќе преземе „пристап заснован на податоци“ во одредувањето на каматните стапки, објави британски „Гардијан“.
ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен на состанокот минатиот четврток.
Лагард на денешната седница на Европскиот парламент се осврна и на случајот со банката „Кредит Свис“, велејќи дека ја поздравува брзата акција и одлука донесена од швајцарските власти.
Како што наведе таа, акцијата на швајцарската централна банка била инструмент за воспоставување на нормализирање на пазарните услови и обезбедување финансиска стабилност.
Лагард додаде дека ЕЦБ внимателно го следи развојот на пазарот и е „подготвена да одговори по потреба“ за да ја заштити ценовната стабилност и финансиската стабилност во еврозоната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија сепак го одложи влезот во еврозоната:…
Има формални критериуми за влез на секоја…
Инфлацијата во еврозоната се намалува, ама сепак…
И покрај фактот дека инфлацијата во еврозоната…
Инфлацијата паѓа, ќе паѓаат и цените на…
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во…
Жените во земјите на ЕУ имаат помалку…
Во јули 2022 година, жените имале 32,7…
Сите на принудна диета: Храната поскапела за…
Индексот на трошоците на животот во февруари…