Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа данокот на владините промашувања

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа данокот на владините промашувања, реагираат од политичката партија Левица.
– Во услови на растечка социјална нееднаквост, поткопан реален стандард и хронична институционална неефикасност, најновите податоци за инфлацијата за мај 2025 година само го потврдуваат она на што укажувавме: Македонија се движи во правец на структурна економска нестабилност, со Влада која води фискална политика базирана на статистички искажани полу-вистини и маркетинг наместо на реален економски увид.
Според Државниот завод за статистика, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај 2025 во однос на април 2025 изнесува 1.5%, што на прв поглед изгледа умерено. Но токму тука е првата економска манипулација – меѓумесечната споредба е непотполен индикатор, особено во услови на сезонски флуктуации какви што се во месец мај. За реално согледување на инфлаторните тенденции клучна е годишната споредба: мај 2025 со мај 2024 година. Таа покажува раст на трошоците за живот од 3.3%, што е значително над проектираната таргетирана инфлација од 2% – 2.5% и уште поважно – означува продолжен тренд на високи трошоци за основните животни потреби.
Ако ја земеме кумулативно инфлацијата од мај 2022 до мај 2025 година, таа изнесува неверојатни 29%, што значи дека просечните цени на основните животни потреби и услуги за само три години се зголемиле речиси за една третина. Огромниот пораст на трошоците за храна, енергија и основни производи покажува дека нема суштински план за справување со основните проблеми во економијата. Владата и Централната банка очигледно не преземаат доволно мерки за контрола на цените ниту за реално зголемување на платите и социјалната помош.
Левица инсистира на итни мерки за заштита на граѓаните: ефективна контрола на цените на основните продукти, зголемување на минималната плата, унапредување на социјалните мерки и транспарентност во монетарната политика. Без конкретни и праведни мерки инфлацијата ќе продолжи да биде проблем кој најмногу ќе го трпат најсиромашните. – стои во соопштението на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата покажува знаци на стабилизација и…
Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Инфлацијата повторно расте – храната поскапе, а…
Инфлацијата во Македонија во мај се искачи…
Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…
Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…