ВМРО-ДПМНЕ: Економијата покажува знаци на стабилизација и раст

t

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДС после 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и отсуство на мерки и проекти, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

После 7 години откако СДС ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, од голем минус стопанството и трговијата во индустријата се стабилизираа. Индикаторите за првиот месец од вториот квартал се високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана во рамките на нула. Имаме раст на трговијата во индустријата од 6%, раст на преработувачката индустрија од 6,6%.Раст на прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар, каде имаме многу повеќе раст од домашниот. Прометот во трговијата во индустријата надвор е околу 7,5 – 7,6 проценти. За краток период Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ исто така успеа да ги стабилизира буџетските приходи, и енормно да ја зголеми довербата на инвеститорите, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Берзански земјотрес поради вештачката интелигенција — „избришани“…

Распродажбата на акциите на технолошките компании се…

Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…

Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…

Митева: Позитивни економски сигнали од Светската банка…

Најновите извештаи на Светската банка и Европската…

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…

Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…