Инфлација од 5,7 отсто во април, трошоците за храна се зголемиле за 8% за една година
Инфлацијата во земјава се разгорува, покажуваат информациите што ги објави вчера Државниот завод за статистика. Имено, индексот на трошоците на животот во април 2026 година во однос на април 2025 година, бележи зголемување од 5,7 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
На месечно ниво најголем раст има кај транспортот од 10, 1 отсто, а инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1,3 отсто.
„Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 10,1 отсто, рекреација, спорт и култура за 1,4 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,2 отсто, храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 отсто, облека и обувки, лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги и информации и комуникации за 0,6 отсто, ресторани и услуги за сместување за 0,4 отсто, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, здравствена заштита и услуги за образование за 0,3 отсто“, пишува во соопштението на ДЗС.
Намалувањето на инфлацијата во април 2026 година во однос на март 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групата покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,2 отсто.
На годишно ниво најголем раст е забележан кај алкохолните пијалаци 10,2 отсто и кај храната од 8 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфлација од 5,7 отсто во април, трошоците…
Инфлацијата во земјава се разгорува, покажуваат информациите…
Инфлацијата во САД порасна на 3,3% поради…
Годишната инфлација во САД достигна 3,3%, со…
ММФ прогнозира инфлацијата од 4,5% и бара…
Најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за македонската…
Левица: Инфлацијата ја јаде платата, куповната моќ…
Во услови на забрзана инфлација и структурна…
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, нафта има,…
Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните…