Објавено на:

Иранската револуционерна гарда потврди дека извршила напади врз американски бази во Кувајт и Бахреин

t

Иранската Исламска револуционерна гарда денеска соопшти дека извршила напади врз американски воени бази во Кувајт и Бахреин.

Според Иранската државна телевизија, во нападите биле погодени 85 објекти во американските бази во двете заливски земји, како одговор на новите американски напади врз Иран.

„Како прв одговор на оваа агресија, поморските и воздушните сили на Исламската револуционерна гарда извршија заедничка операција со ракети и беспилотни летала, при што беа погодени 85 стратешки американски воени објекти“, се наведува во гардиското соопштение.

Претходно Кувајт соопшти дека биле активирани системите за противвоздушна одбрана, набргу после нападите на САД врз Иран. И Бахреин соопшти дека бил цел на ракетни напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…

Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…

Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…

23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…

Нови детали за Србинот што се удави…

Горан Комазец од Белград е човекот кој…

ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…

Владата даде зелено светло за ново задолжување…

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…