Објавено на:

Иран и Оман предлагаат привремен бродски коридор низ Ормускиот Теснец

t

Оманскиот министер за надворешни работи Бадр бин Хамад Ал Бусаиди по посетата на Иран изјави дека се надева оти привремениот коридор ќе биде воспоставен наскоро. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи оцени дека предлогот ја потврдува посветеноста на Техеран на мирот и стабилноста во регионот.

Во изминатите неколку недели, Техеран и Мускат водеа преговори за стабилизирање на пловидбата низ Ормускиот теснец, кој во меѓувреме стана важен фактор во застојот на разговорите меѓу Иран и САД, по неколкумесечните регионални тензии пренесува 360степени.

Иран и Оман предложија привремено воспоставување бродски коридор низ Ормускиот Теснец, со цел да се олесни пловидбата и да се овозможи расчистување на евентуално поставени мини, пренеусва Си-ен-ен.

Според заедничкото соопштение, Техеран и Мускат договориле фазна рамка за воспоставување на привремениот коридор, додека разговорите ќе продолжат со цел постигнување трајно решение и договор за идното управување со теснецот.

Оманскиот министер за надворешни работи Бадр бин Хамад Ал Бусаиди по посетата на Иран изјави дека се надева оти привремениот коридор ќе биде воспоставен наскоро. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи оцени дека предлогот ја потврдува посветеноста на Техеран на мирот и стабилноста во регионот.

Во изминатите неколку недели, Техеран и Мускат водеа преговори за стабилизирање на пловидбата низ Ормускиот Теснец, кој во меѓувреме стана важен фактор во застојот на разговорите меѓу Иран и САД, по неколкумесечните регионални тензии.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мините во Ормускиот Теснец се отстранети или уништени и предупреди дека ќе бидат уништени бродови што би се обиделе повторно да постават мини.

Предлогот за привремен коридор бил тема и на телефонски разговор меѓу катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман бин Јасим Ал-Тани и Арагчи.

Катар претходно ја поддржа дипломатската иницијатива на Оман и Иран за обезбедување слобода на пловидба низ стратешкиот воден пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран и Оман предлагаат привремен бродски коридор…

Оманскиот министер за надворешни работи Бадр бин…

Европската централна банка се подготвува за ново…

Европската централна банка се приближува кон ново…

Разрешениот украински министер за одбрана: Полека ја…

Се чини дека Украина полека ја губи…

Не наседнувајте: УЈП предупредува на лажни пораки…

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека…

Курти доаѓа во Скопје

Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…