Иран: Развивме подземни комплекси за производство на оружје, ќе откриеме „ракетен град“
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) развил подземни комплекси за производство и складирање оружје, кои овозможуваат производството да продолжи и за време на интензивни бомбардирања. Ова го изјави портпарол на организацијата, најавувајќи дека во текот на неделава ќе биде откриен подземен „ракетен град“, пренесуваат иранските новински агенции.
Портпаролот истакнал дека Иран, благодарение на развојот на домашната воздухопловна и одбранбена индустрија, станал независен од странските добавувачи и дека во производството на напредно вооружување се потпира на сопственото знаење и експертиза.
Според неговите тврдења, иранските воздухопловни сили за време на таканаречената „Рамазанска војна“ собориле или уништиле повеќе од 260 непријателски летала, меѓу кои авиони Ф-35, Ф-16, Ф-8 и Ф-5, како и беспилотни летала.
Тој навел и дека во изминатата една до две недели Иран заробил седум извидувачки дронови од типот MQM-170, пренесуваат медиумите.
Портпаролот тврди дека иранските ракети и дронови се опремени со технологија за намалување на радарскиот одраз и избегнување на противвоздушната одбрана. Според него, подземните комплекси ги нарушиле проценките на противникот за големината на иранскиот ракетен арсенал.
Тој предупредил дека секој нов напад врз Иран ќе предизвика посилен одговор и дека иранските сили се подготвени за асиметрични операции доколку проценат дека постои закана.
Говорејќи за нуклеарната политика, портпаролот рекол дека Иран е подготвен за стратешки промени и дека ИРГЦ би можел да ја преиспита нуклеарната доктрина доколку државното раководство донесе таква одлука.
Тој додал дека развојот на иранските ракетни полигони продолжува и дека нема да биде запрен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…
САД нудат награда од 20 милиони долари…
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
(Видео) ИРАНСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА ЕМИТУВАШЕ УПАТСТВА ЗА…
Иранската државна телевизија и медиумите во земјата…