Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на МОСАД, Израел се закани дека „ќе ја одере иранската змија“

Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови на израелската разузнавачка агенција Мосад во покраината Алборз во северен Иран. Во соопштението објавено од иранската новинска агенција Тасним се вели дека двајцата наводни членови на Мосад биле уапсени додека подготвувале експлозиви и електронски уреди за следење, објави Ројтерс.
Иранските власти во саботата соопштија дека пет лица осомничени за шпионажа, наводна соработка со Израел и неовластено фотографирање за Израел се уапсени во иранскиот град Јазд.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во понеделник упати нови закани до Иран, велејќи дека војската на неговата земја ќе напаѓа ирански цели и ќе продолжи да „ја одере иранската змија во Техеран и насекаде на друго место, лишувајќи го од неговите нуклеарни капацитети и системи за оружје“.
„Иранскиот диктатор го претвора Техеран во Бејрут, а неговите жители во заложници за опстанок на својот режим“, рече Кац, осврнувајќи се на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, објави Ал Џезира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 22 наши државјани побарале помош за…
Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за…
Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…
Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…
Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…
Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…
Македонското МНР активира контакт-линии за наши државјани…
Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток,…
Трамп му се закани на Иран: Ако…
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…