ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА, КОЈА НА СУДИЈАТА ЃОКО РИСТОВ МУ ГИ НАЈДЕ ЗАКОПАНИТЕ ВО ЅИД 350.000 ЕВРА, ИЗБРАНА ЗА ЈАВНА ОБВИНИТЕЛКА ЗА ГОНЕЊЕ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА

t

Искра Хаџи Василева е новата Јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција, откако денеска победи на непоредните избори со тајно гласање на сите обвинители во Македонија. Оваа доверба се смета за нешто свето во Обвинителството, затоа што е единствената која ја даваат колегите, а не партијата, како што е изборот на Државниот обвинител кого го изгласа владејачкото мнозинство.

По Вилма Русковска, Хаџи Василева е втората жена на чело на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ЈО ГОКК), иако во ова Обвинителство над 90 отсто од обвинителите се жени.

Неофицијално, трката била тесна меѓу вишиот обвинител Трајче Пеливанов и Хаџи Василева. Тој ги водеше предметите за прислушувањето, но и уште еден предмет против ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, а Хаџи Василева ги најде 350.000 евра на судијата Ѓоко Ристов закопани во ѕид, го води корупцискиот предмет против ексдиректорот на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев со митото од 50.000 евра во гаража во кулите Џевахир во Скопје, како и други предмети од повисок јавен интерес.

Покрај Хаџи Василева и Пеливанов, кандидати беа и Фатон Азизи од Обвинителството за гонење организиран криминал, Јован Цветановски од Вишото јавно обвинителство Скопје и Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје.

Гласањето се одвиваше од 8 до 16 часот. Право на глас имаат вкупно 187 јавни обвинители од целата држава. Се очекува изборната комисија да каже колкава била излезноста на денешните избори.

Мандатот на Обвинителот за гонење организиран криминал Ислам Абази завршува на 15 ноември. Тој беше избран во 2022 и наспроти сомневањата поради негови блиски познанства со тогашната владејачка партија ДУИ, си заминува од ова Обвинителство со пофални зборови и задоволство од колегите со кои контактиравме, кои велат дека тој никогаш не си дозволил да се замеша во нивните предмети, во независноста на обвинителите.

Извор: СДК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА, КОЈА НА СУДИЈАТА ЃОКО…

Искра Хаџи Василева е новата Јавна обвинителка…

ЕУ СЕ ОТКАЖУВА ОД ИДЕЈАТА КАНАДА ДА…

Европската Унија се откажала од идејата на…

(Видео) Пронајден и казнет возачот кој возеше…

По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“,…

Студентите во блокада предупредуваат на можни исценирани…

Студентите во блокада, кои победија на предвремените…

ЕВРОПА ПРЕД НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА: Цената на…

Цената на природниот гас во Европа денеска,…