Истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ сподели писмо од Тодор Александров и испрати порака до раководството: Споредете го ова со овие бедници кои себеси се нарекуваат ВМРО!
ЗА ТИЕ ШТО НЕ ЗНААТ ДА ЗНААТ!
ОВА Е ВМРО ОВА Е ОРГАНИЗАЦИЈАТА!
Окружно писмо за злоупотребите со името на ВМРО
27.03.1923
До сите окрузи, околиските раководни тела и околиските војводи во Македонија под бугарска власт
Од многу места пристигнуваат поплаки од нелегални групи или одделни војводи или четници, имено:
1. Со седмици и месеци биле во градовите и станале неиздржлива тешкотија на населението.
2. Не сакале домашен леб или храна, каква што им носеле куририте и десетниците, а настојувале да им се купува бел леб од фурна, да им се готват кокошки, прасиња, разни слатки, баклави и друго.
3. Некои од нив ги принудувале куририте ноќно време да им купуваат алкохолни пијалаци, кашкавал и слично.
4. Други повикувале граѓани да им собираат пари за да си купуваат луксузни гамаши (за по 3000 лева).
5. Трети си поставиле, на сметка на ВМРО, златни заби за илјадници левови, кои, ако беа дома, немаше да помислат никогаш за правење на забите.
6. Мнозина имале груб однос кон населението, тепале без причина невини луѓе, разгледувале чесни спорови и дела, земале камати и вршеле своеволија.
Сето тоа создало една напрегната атмосфера и ги валка името и престижот на Организација и го оддалечува населението од последната, со исполнување на Правилникот и наредбите на ВМРО, потрудете се да разгласите и да се грижите строго за исполнување на следните наредби:
1. Околиските чети се потчинети, во воена готовност преку заведениот округ на ЦК на ВМРО, а по однесување на другата организациона работа – на околиското раководно тело, поради тоа, околиските чети ќе се движат таму каде што околиското раководно тело посочи дека има организациона работа.
2. Ако чети треба редовно да ги обиколуваат околиите, за да го поддржат и кренат духот на населението, да внимаваат каналите да се во исправност, да се придружаваат на наредбите на Организацијата, а не да стојат по цели седмици и месеци на едно место оти е поудобно таму.
3. Околиските чети можат да бидат во градовите по 3-4 дена во 3-4 месеци и да се задоволуваат со храната која ќе им ја дадат домаќините, или која ќе нареди десетарот. Ако таа е недоволно хранлива, во набавка може да се купи нешто со пари од касата, а не да се посакуваат слатки, кашкавал, баклава и други деликатеси. Алкохолни пијалаци може да употребуваат нелегалните УМЕРЕНО, само ако домаќините им донесат сами.
4. На војводите и четници, дојдени на почивка од Македонија под србско или грчко ропство, се даваат пари од внатре за храна и друго. За време на почивката или по наредба на војводата се пренесува храна (во натура) до некое погранично село, каде се оставаат да си починат одделни четници или групи од нив.
5. Им се забранува на четници и војводи да собираат “даноци” од населението од името на ВМРО за да си купуваат скапи гамаши или какви и да се други непотребни работи. Тоа што им е неопходно, се набавува со пари од касата на Организацијата.
6. Се забранува на четници и војводи да си прават златни заби на сметка на Организацијата. Нелегалните со болни заби можат да ги прават на сметка на Организацијата само кај најефтините доктори.
7. Се забранува на четници и војводи да разгледуваат спорови и дела: за ливади, ниви, за неплатени долгови и полиси, за купопродажба и слично. Делата од тој карактер се разгледуваат од помирителни комисии, избрани од двете заинтересирани страни, во кои комисии не може да влезат во никој случај и на никаков начин, не само нелегални дејци, а исто и раководители помошници, местни војводи и десетари.
8. На војводи и четници им се препорачуваат другарско и примерно однесување меѓу нив, како и прилични, братски однесувања кон селаните.
Се забрануваат : лоши зборови и мисли, лоши епитети, пцовки, убиства без претходна смртна пресуда, освен во случаите предвидени во Правилникот и изброени во Окружното писмо број 360.
Со многу срдечни поздрави
Тодор Александров
Член на ЦК на ВМРО
Споредете го ова со овие бедници кои себеси се нарекуваат ВМРО. Нигде не пишува за одење во Монте Карло. За курчење со шише бело вино од 250 евра и 25 евра нес кафе со обична вода.
Фејсбук статус на Лука А. Александров
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…