ИТАЛИЈАНСКО-АМЕРИКАНСКИ ГАЗДА ГО КУПУВА КЛУБОТ НА ПАНДЕВ: Струмичкиот клуб ќе се ребрендира во ФК Брера

t

„Брера Холдинг“ и официјално објави дека ќе го купува клубот од струмичани, и дека тој ќе биде ребрендиран, односно ќе се преименува во ФК Брера.

Тоа што веќе долго време се најавуваше, а тоа го потврди и самиот Горан Пандев, ФК Академија Пандев од Струмица ќе добие италијанско-американски сопственик, објави СпортМедиа.

„Брера Холдинг“ и официјално објави дека ќе го купува клубот од струмичани, и дека тој ќе биде ребрендиран, односно ќе се преименува во ФК Брера.

Да потсетиме дека „Брера Холдинг“ минатата недела излезе на берзата во Њујорк, а сега веќе оваа фирма која е со седиште во Р. Ирска, објави писмо со заинтересираност за струмичкиот ФК Академија Пандев.

Се очекува за неколку месеци сите процедури да бидат завршени и ФК Брера од Струмица да биде, во блиска иднина, еден од водечките клубови во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…