Италијанци издоминираа на Охридскиот маратон, тинејџерот Цеков ја одбрани честа на Македонците
Најновото 39-то издание ба Охридскиот пливачки маратон се одржа денеска во водите на нашето најголемо езеро, а истото доби италијански чин поради еден-два победата на двајца претставници од „чизмата“.
Италијанецот Алесио Окипинти мина прв на целта и излезе како победник на денешниот пливачки маратон во Охрид, минувајќи ја делницата од 25 километри за 5 часа, 3 минути и 44 секунди.
Второто место му припадна на Николо Ричарди кој ја потврди италијанската доминација, но место на пиедесталот имаше и за еден македонски претставник.
17-годишниот тинејџер Петар Цеков ја одбрани честа на нашата земја и заврши како третопласиран, па со остварениот резултат потврди дека поседува голем потенцијал за во иднина.
Во женска конкуренција триумфираше Аргентинката Матје Ален Пука, која на целта пристигна како четвртопласирана во генералниот пласман со време од 5 часа, 20 минути и 46 секунди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…
Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…
Бројот на загинати во вооружениот напад што…
Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на…
Четири борби, четири победи и ниту една…
Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…
Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…