Објавено на:

ИТАЛИЈА ГО ЗАБРАНИ ЧЕТГПТ, ПОПУЛАРНИОТ ЧЕТБОТ ЗАСНОВАН НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

t

Италија стана првата западна држава која го блокираше напредниот четбот ЧетГПТ (ChatGPT) заснован на вештачката интелигенција. Италијанската агенција за заштита на податоци (ГДПР) соопшти дека постојат грижи околу загрозувањето на приватноста поврзани со моделот развиен од американската компанија „ОпенАИ“ и поддржан од „Мајкрософт“.

Регулаторот објави дека забраната веднаш стапува на сила.

„Не постои правна основа со која би се оправдале масовните собирања и складирања на лични податоци заради обучување алгоритми, кои се основата на платформата. Исто така, бидејќи не постои можност за верифицирање на возраста на корисниците, апликацијата ги изложува малолетниците на целосно несоодветни одговори во споредба со нивниот степен на развој и свесност“, објави ГДПР.

Милиони луѓе почнаа да го користат ЧетГПТ откако беше лансиран во ноември 2022. Оваа апликација може да одговара на прашања со природен, човечки јазик и да имитира стилови на пишување, користејќи го интернетот каков што беше во 2021 за своја база на податоци. „Мајкрософт“ инвестираше милијарди долари во нејзин развој.

Во последно време отворено се зборува за ризиците од вештачката интелигенција и дека таа е закана за некои работни места. Некои од водечките личности во технологијата, како Илон Маск, неодамна повикаа да се суспендираат вакви типови на системи на вештачка интелигенција, сметајќи дека трката за нивниот развој излегла од контрола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР.. ИМА МРТВИ И РАНЕТИ: Три лица…

Вечерва имало пукање во кафе-слаткарница во Истанбул,…

Во првите 3 месеци од годинава Грција…

Бројот на посетители на Грција во првите…

„Гугл“ ќе вложи 1 милијарда евра во…

„Алфабет“, матичната компанија на американската технолошка корпорација…

Бајден: Путин сака доминација во Балтичкото Море

Тој рече дека Русија е особено заинтересирана…

Фон дер Лајен: ЕУ за економските односи…

Таа го изјави ова за време на…