Италија го осуди ослободувањето на сопственикот на изгорениот бар во Кран-Монтана и го повлече својот амбасадор
Италијанската влада денес го осуди ослободувањето на сопственикот на барот „Ла Констелашн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 40 лица, меѓу кои и шест Италијанци, загинаа во пожарот за време на новогодишната прослава, по што го повлече својот амбасадор во таа земја.
Сопствениците на барот, Жак и Џесика Морети, се под истрага за убиство од небрежност и други кривични дела поврзани со пожарот, во кој загинаа и шест италијански државјани, а Жак, кој беше уапсен на 9 јануари, вчера беше ослободен од притвор со кауција, објави Ројтерс.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони навела дека ослободувањето на Морети е „навреда за сеќавањето на жртвите од новогодишната трагедија и навреда за нивните семејства“.
Во владиното соопштение се вели дека Мелони и министерот за надворешни работи Антонио Тајани му наложиле на италијанскиот амбасадор Џан Лоренцо Корнадо веднаш да го контактира главниот обвинител во швајцарскиот кантон Вале за да го пренесе „силното незадоволство“ на Рим поради ослободувањето на Морети, и дека судот ја донел својата одлука и покрај сериозноста на наводното кривично дело.
„Цела Италија бара вистина и правда и повикува на преземање мерки за почитување по оваа катастрофа, кои целосно ќе ги земат предвид страдањата и очекувањата на семејствата“, се вели во соопштението.
На Корнадо му било наредено и од Мелони и Тајани да се врати во Рим.
Морети е ослободен со кауција од 200.000 швајцарски франци и му било наложено секојдневно да се јавува во полициската станица.
Адвокатите на жртвите од пожарот и нивните семејства изјавиле дека не можат да ја разберат судската наредба и дека нивните клиенти се загрижени за исчезнувањето на доказите.
Морети изразиле жалење поради трагедијата и соопштиле дека ќе соработуваат со обвинителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија го осуди ослободувањето на сопственикот на…
Италијанската влада денес го осуди ослободувањето на…
„Марш за ангелите“ во Кочани: Ќе бидеме…
Под силен емотивен притисок и со порака…
Сопственикот на барот каде загинаа 40 лица,…
Сопственикот на барот во швајцарскиот ски центар…
Трагедија во Пакистан: Најмалку 11 луѓе загинаа…
Најмалку 11 луѓе загинаа синоќа во пожар…
Мелони: Му се јавив на Трамп и…
Иако Италија можеби не е меѓу земјите…