„Марш за ангелите“ во Кочани: Ќе бидеме тука додека правдата не биде задоволена

t

Под силен емотивен притисок и со порака дека трпението на граѓаните е при крај, во Кочани се одржа протестниот „Марш за ангелите“. Собирот е директен одговор на молчењето на институциите по трагедијата која однесе 63 животи, а за која истрагата сè уште тапка во место.

Од говорницата беше упатена остра критика до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал (ОЈО ГОКК), со обвинување дека постапката започната на 12 јуни 2025 година намерно се одолговлекува.

„Месеци слушаме дека истрагата е во завршна фаза, а одлука сè уште нема. Во трагедија од вакви размери, секое доцнење е неправда. Бараме рок, одлука и одговорност!“ – порачаа организаторите.

Граѓаните се децидни дека нема да дозволат случајот со 63-те жртви да стане „уште една затурена папка“ во судските архиви.

На протестот беше отворено и прашањето за еднаквоста пред законот. Учесниците јавно запрашаа како е можно лица поврзани со истрагата или споменувани во јавноста како осомничени, непречено да отуѓуваат имот.

Граѓаните реагираат дека лица поврзани со трагедијата со 63 жртви се движат слободно. Посочено беше дека се врши продажба на имот без судска забрана и без контрола на потеклото на средствата. Ова се третира како системско прашање кое ја доведува во прашање правната држава.

„Правдата што доцни, не е правда,“ беше клучната порака на маршот, со најава дека Кочани ќе продолжи со протести сè додека виновниците не се соочат со законот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Голем пожар во автобуска компанија во Кочани

Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…