Итно одмрзнување на платите на судиите, зголемување на платите на судската администрација и распишување оглас за нови вработувања, бара Здружението на судии

t

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Итно одмрзнување на платите на судиите, зголемување на платите на судската администрација и распишување оглас за нови вработувања во судовите, со цел ефикасно и независно функционирање на судскиот систем, бара Здружението на судии на РСМ.


Здружение на судиите на Република Северна Македонија (ЗСРСМ) ја информира јавноста и судиската заедница, дека до Уставниот суд на РСМ поднесе дополнување на Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Измените на Законот за плати на судиите. (со дополнувањето се опфатени последните измени на Законот донесени на 25.02.2026 година.)
Со иницијативата, Здружението бара поништување/укинување на неуставно донесените-незаконски измени на Законот со кои платите на судиите остануваат замрзнати веќе трета година по ред.
Сметаме дека ваквиот пристап на пратениците од Собранието на РСМ, кои ги изгласаа овие измени на Законот во брза, неуставна и за жал само популистичка постапка, ќе има далекусежни последици во врска (не)владение на правото бидејќи е во спротивност со член 32 од Уставот на РСМ, а дополнително директно го нарушува и достоинството на судиската функција. Пратениците со мандат од 4 години мора да престанат со креирање, менување и укинување на закони кои имаат цел само да купат социјален и политички мир. Наместо да носат штетни и неуставни Закони, кои генерираат правна несигурност, и наместо да се водат само од потребата за зголемување на политичкиот рејтинг, потребно е пратениците да ја согледаат реалната потреба за независно и непристрасно судство, кој ќе биде гарант за Владеење на правото и доследна борба со организираниот криминал и корупција како предуслов за Европски напредок на земјата.
Факт е дека во нашата земја владее општо незадоволство, пред се од политичките структури во земјата (Влада, Собранието и Министерствата), но и од судскиот систем, образованието и здравството, но најповеќе владее незадоволството од економската состојба во државата и куповната моќ на граѓаните.
Појдовна точка и излезна врата од сите напластени проблеми, како во секое демократско општество така и кај нас, треба да биде Владеењето на правото и почитување на Уставно загарантираните права на граѓаните. Затоа и пред гласањето на спорниот Закон, апелиравме до пратениците: НЕ ГО КРШЕТЕ УСТАВОТ, не ги повторувајте грешките на претходните собраниски состави, не купувајте социјален мир со намалување на платите на една мала група на граѓани, напротив зголемете ги платите на сите.
Инаку со „фамозното“ зголемување на функционерските плати од 78%, платите на судиите во прв степен достигнаа до просечни 86.000 денари, а доколку не беше зголемувањето тие ќе беа во рамки на просечната плата во земјата околу 50.000 денари, што е далеку од просекот, како во регионот така и во земјите од Европската унија. Дополнителен проблем создаваат и ниските плати, одливот на кадар на судската администрација и неисплаќањето на додатоците, од што директни последици трпат странките во постапките односно граѓаните.
Заради тоа, децидни сме на ставот дека доколку продолжи „уривањето“ на судскиот систем, ако ваквите неуставни измени на Законот опстојат, и доколку судската администрација се остави на маргините и се продолжи да се деградира, Судиите ќе изнајдат друга форма на покажување на незадоволство и видлив протест, а ја поддржуваме и судската администрација на нови, Законите чекори, за изразување на незадоволството, за кое нешто изминатиот период е добиена поддршка од повеќето Подружници на ЗСРСМ.
Со почит
Здружение на судии на РСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БТА: Белгија планира да испрати затвореници во…

Белгиските власти го прошируваат списокот на земји…

Средната возраст на населението во Македонија е…

Средната возраст на населението во земјава е…

Македонскиот „Караман“ на чекор до светска афирмација

Генералниот комитет на светска федерација на кинолошки…

ОЈО ГОКК: Сѐ уште трае акцијата за…

Во рамките на опсежната акција што се…

Гранати од Првата светска војна пронајдени при…

По пријава од физичко лице, екипа на…