Иљче: По вртоглавите поскапувања Пендаровски се сели од земјава, ќе биде прв дигитален претседател 

t

Претседателот Стево Пендаровски, познат по сега веќе легендарната изјава “Да не бев претседател и јас ќе се иселев од Нашата Земја”, одлучил да ја напушти државава и остатокот од мандатот да го отслужи онлајн, со што ќе влезе во историјата како наш прв дигитален претседател, пишува во најновиот сатирилен текст Иљче од Кооперација.

Како што дознава Кооперација од извори блиски до агенцијата за вработување преку која Пендаровски вадел работна виза, тој својот мандат ќе го заврши во Брисел, од каде привремено ќе се уклучува онлајн за да се обрати до граѓаните и со своите зборови да им даде елан да истраат во борбата со гладот и сиромаштијата.

Како вистински домаќин, претседателот ќе се исели од земјава вечерва пред полноќ со цел да ги избегне поскапувањата, а во аманет на граѓаните им оставил 4 сметки за струја и 9 сметки за вода од вилата на Водно, со рок на плаќање до 22 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По протокол: На 11 Октомври во Прилеп…

Протоколот кој произлезе од францускиот предлог само неколку…

Урнебесно: Маричиќ ќе ја тужи државава оти…

Наглото покачување на холестеролот т.е. триглицеридите во…

Иљче: Час по економија со Битиќи –…

Вицепремиерот Фатмир Битиќи кој пред два дена…

Урнебесно – Спасовски: Ќе вработиме уште 600…

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денес, во…

Урнебесно: Фатиме отишла во Гибралтар со парите…

Специјалната обвинителка уште еднаш докажа дека е…