Иџет Мемети не се појави на седница на Советот на јавни обвинители, размислува да се повлече од функцијата потпретседател

t

Иџет Мемети, членот на Советот на јавни обвинители кој во моментов е со мерки за претпазливост под сомнение за примање награда за противзаконито влијание денеска не дојде на седница на Советот.

Како што информираше претседателката на СЈОРМ, Душица Димитриеска, Меџити непосредно пред почетокот ја информирал дека нема да присуствува на денешната седница.

– Непосредно пред седницата тој ме информираше дека нема да биде присутен и е на мислење да се повлече од позицијата заменик претседател на Советот на јавни обвинители, рече Димитриеска.

Мемети е второосомничен во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание во која е вклучен и врховниот судија, Наке Георгиев.

Во изјава за медиуми по определувањето на мерки на претпазливост изминатата недела, осомниченииот Мемети, пред Кривичен рече дека е во сечиј интерес постапката да заврши што побрзо.

– Од мој интерес, и од интерес на јавноста, е што побрзо органите да ја завршат својата работа. Ова секако како човек ме погодува, меѓутоа, не е добро да зборувам пред медиумите за работа која се води по судски пат. Ве уверувам дека многу брзо ќе заврши и ќе излезе дека ништо незаконски не сум направил, изјави Мемети.

Во однос со релациите со врховниот судија Георгиев, тој рече дека ги познава сите судии и обвинители и со нив се дружи, но, дека не разговарал за предмети.

На врховниот судија Наке Георгиев, поради постоење на сомневања дека може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Двајцата осомничени се дел од истрагата што ја отвори ОЈО ГОКК и се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“.

Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Советот денеска ја одржува 103. седница на која ја разгледува информацијата од страна на координатори за подрачјето на Вишо јавно обвинителство Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опасни бетонски блокови висат од тераса, местото…

На Единствениот повикувачки бој за итни случаи…

Тивок бојкот во СДСМ

Изборот на нов лидер на СДСМ пред…

Алтернатива откри кој ќе биде министер за…

На денешниот состанок на Централното претседателство на…

(Видео) ,,Фуријата” со два гола за три…

Фудбалската репрезентација на Шпанија поведе со 2-0…

Денеска се слави Св. Еразмо Охридски, уште…

Денеска се слави Св. Еразмо Охридски. Уште…