Објавено на:

И без војна ќе се обединат: Поранешниот тајвански претседател Ма во историска посета на Кина

t

Патувањето на Ма доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Кина и Тајван. Вчера Хондурас ги прекина односите со Тајван и воспостави дипломатски врски со Кина. Дипломатскиот неуспех дојде само неколку дена пред планираната посета на тајванската претседателка Цаи Инг-вен на Гватемала и Белизе, почнувајќи од 29 март.

Портпаролката на претседателската канцеларија на Тајван, Оливија Лин, денеска го повика Пекинг да го прими Ма како поранешен државен лидер во согласност со меѓународниот дипломатски бонтон.

Пред да замине, 73-годишниот Ма, од опозициската Кинеска националистичка партија (КМТ), рече дека сака да им оддаде почит на своите предци за време на неговото прво патување во Кина и да организира студентска размена.

Мишел Лин, портпаролката на про-независната Демократска напредна партија (ДПП), денеска го критикуваше патувањето на Ма, велејќи дека КМТ го игнорира фактот дека Кина го потиснува Тајван. Некои други опозициски партии, исто така, го повикаа Ма да го откаже своето патување.

Ма ќе предводи делегација од поранешни тајвански функционери и студенти, којашто ќе посети неколку кинески градови, меѓу кои се Нанџинг, Вухан, Чангша, Чунгкинг и Шангај. Покрај тоа, најавено е дека може да им оддаде почит на своите предци во провинцијата Хунан во текот на претстојниот Фестивал на чистењето на гробовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13 активни пожари во Македонија до 13…

Во текот на денешниот ден, до 13…

Во дом во Битола пронајдена почината жена

На 16.08.2024 во 08.00 часот во СВР…

СДСМ: Министерот Панче Тошковски или конечно да…

СДСМ како одговорна партија не сакаше да…

Одбојкарите ја прегазија Грузија на стартот од…

Македонската одбојкарска репрезентација забележа убедлива победа од…

48-годишен велешанец измамен со 251.110 денари

Четириест и седумгодишен жител на велешко село…