Руските медиуми за војната меѓу Иран и Израел: Ова е нашата стратешка можност
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира во насловите на руските весници, а многу коментатори во Москва ја гледаат ескалацијата на Блискиот Исток низ призмата на сопствените геополитички интереси, пишува дописникот на Би-би-си за Русија, Стив Розенберг.
„Колку и да звучи цинично, овој конфликт носи одредени придобивки за Русија и на тактичко ниво“, објави таблоидот Московски Комсомолец, наведувајќи ги растечките цени на нафтата и намаленото внимание на Западот кон војната во Украина. „Киев е заборавен“, се вели во него.
Бизнис дневниот весник „Комерсант“ оди чекор понатаму: „Секоја ескалација на Блискиот Исток ги одвлекува противниците на Москва од Украина и ги менува приоритетите на западната воена помош“.
Во овој контекст, руските аналитичари сугерираат дека Москва би можела да се обиде да игра улога на „непристрасен посредник“ – не мора да ја реши кризата, туку барем да помогне во нејзиното деескалирање. Ова, според „Комерсант“, би го зајакнало политичкото влијание на Русија во регионот.
Сепак, истиот весник предупредува дека Москва не успеала да спречи израелски напад врз Иран, земја со која потпиша сеопфатен стратешки договор пред само пет месеци. Ова фрла сенка врз нејзината вистинска моќ во регионот и го поставува прашањето колку влијание навистина може да има врз настаните надвор од постсоветскиот простор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама за победата на Студентската листа: Србија…
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…
Руската вакцина против рак даде резултати, кај…
Првиот пациент кој ја прими руската персонализирана…
Расте бројот на загинати во верижниот судир…
Бројот на загинати во тешките верижни судири…
Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…
Бугарија презема нови чекори за модернизација на…
Стотици луѓе на улиците во Атина поради…
Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…