Објавено на:

И Вардар му честиташе на Дибиров: Ќе останеш нашиот херој!

t

Тимур Дибиров вечерва во поразот на Загреб од Кјелце со 26-27 го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите, а Вардар не заборави на една од своите најголеми легенди.

Дибиров дресот на Вардар го носеше девет сезони и стана најдобриот стрелец за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите со постигнати 525 голови. Во тој период руското крило со Вардар и двапати се искачи на тронот на Европа.

Во честитката на социјалните мрежи Вардар порача и дека го чека Дибиров во Скопје.

„Дојде во Вардар, играше, освои се што можеше, и влезе во легендите. Ти благодариме што девет сезони беше дел од клубот и заедно се радувавме на сите успеси. Те чекаме во Скопје и заедно да прославиме. Ќе останеш секогаш нашиот спортски херој“, објави Вардар.

Вкупно во својата кариера Дибиров одигра 21 сезона во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…

Со едноминутно молчење во знак на почит…

Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…

На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…

Разбудени од кома двајцата полицајци што го…

Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…