И во Прилеп првото бебе е девојче

t

Најновиот жител на Прилеп, Стефани, е првото бебе што се роди во новата 2025 година. На мајката Ангела Јанеска која се породи по 5 часот изутрината на гинеколошкото одделение во прилепската болница, ова ѝ е првото дете. На сите идни мајки им ја препорачува возбудата од раѓањето на чедото.

-Чувството е прекрасно. Сѐ уште малку сум збунета, но ќе се навикнеме дна на друга. Им порачувам на сите мајки да бидат пресреќни, зашто ова е незаменливо чувство и искуство, рече младата мајка Ангела Јанеска.

Гинекологот-акушер, д-р Гоце Оропан рече дека и мајката и бебето се во одлична состојба. Забележителен е пораст на бројот на родени бебиња што дава убава надеж во новата година.

-Првото бебе Стефани се роди во 5:47 часот изутрината. Мајката се породи по оперативен пат, со царски рез. И мајката и бебето се во добра општа здравствена состојба. Бебето се роди 3,10 килограми. Инаку, 2024 година ја завршивме со 455 породувања што е нешто повеќе од претходната година и навестува пораст на бројот на родени бебиња, изјави д-р Оропан.

Новогодишната ноќ поминала мирно и без инцидентни или тешки случаи во Болницата.

-Новогодишната ноќ помина мирно и во болницата не се забележани некои поголеми интервенции. Нема сообраќајни незгоди, нема повредени со петарди и нема случаи во тешка алкохолизирана состојба, беше кажано.

Првото бебе во Прилеп, на одделението во Болницата го посети прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој на бебето и на мајката им посака среќна и здрава нова година и им подели подароци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

(Видео) Прилепчани се жалат: Комуналец ни наплаќа…

На старите градски гробишта во Прилеп не…

Прилеп ли е, Амазон ли е… ВРИЕ…

Локалниот огранок на СДСМ во Прилеп објавија…

По нападот во Прилеп, Центрите за социјална…

За еден месец, 37 Центри за социјална…

ВИДЕО „Наместо Младински центар, во центарот на…

„Некогашната Виша економска школа, локацијата на која…