И Европјаните кренаа раце од нас: Со својата ретopика Владата штети на имиџот на Европската Унија

t

Со својата реторика Владата и власта и штети на имиџот на Европската Унија истакна Александар Митовски во своето гостување во „Што не е јасно“.

Тој посочи дека власта има реторика дека само Европската Унија е спасот за Македонија, реторика со која ја прикрива сопствената неспособност.

Во моментов Македонија има здравствена, економска и енергетска криза паралелно и единствениот одговорен и должен да се справи со истата е токму Владата и никој друг, вели Митовски.

-Сите во Македонија го знаат процесот, од почеток на преговори со ЕУ до полноправно правно членство. Мислам дека ЕУ и претставниците на ЕУ треба да се позанимаваат со реториката на Владата бидејќи таа дефакто штети врз имиџот на Европската Унија. Кај нас се користат овие кризи од власта за да се каже дека само Европска Унија ни е спас, а кога ќе треба да одговори ЕУ ние немаме никаква реално помош, особено што во Македонија се прекинати огромен дел од оние фондови. Особено по оној скандал со Лидија Димова и тренирањето на магариња. ЕУ никогаш не била понеприсутна во Македонија, до 2016 Фуере секој ден го гледавме во Македонија. И Европјаните кренаа раце од нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанушев од пред четири години: Владата ќе…

Владата ќе троши 20 милиони денари за…

Меџити повторно пуши во Влада: Никој не…

Вицепремиерот Изет Меџити повторно неуспешно се обидува…

Нема Влада во Бугарија ни со вториот…

Веднаш ќе го вратиме мандатот на претседателот…

(Видео) За лошата состојба со пожарите да…

Состојбата со пожарите низ државата е алармантна…

(Документи) Има ли „маж“ во ОЈО кој…

Треба талент да имаш... Како со професорска…