И Израелците влегуваат во Устав: За Ковачевски „МАКЕДОНИЈА Е МАЛА ЕВРОПА – НЕМА ДА ИМА ПРОБЛЕМ ДА ВЛЕЗАТ ДРУГИ ЗАЕДНИЦИ ВО УСТАВОТ“

t

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во „Тема на денот” на Сител телевизија истакна дека по завршувањето на процесот на скрининг и отпочнувањето на преговорите по поглавја, ќе треба да направиме уставни измени во кои што ќе треба да бидат вклучени делови од други народи кои што живеат во државата а кои што не се впишани во преамбулата.

Во моментот зборуваме за Бугарите, Хрватите, Црногорците, меѓутоа веќе и деловите од израелскиот народ изразија таква желба, Египќаните веќе доставија официјално барање. Ние сме мултикултурно, мултиконвенционално општество и сме докажани како такви во Европа, практично ние претставуваме општество кое што е Европа во мало бидејќи Европа е заедница на различности и јас сметам дека не треба да има проблем во однос на тие уставни измени, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски истакна дека Република Македонија веќе ги има отпочнато преговори со ЕУ, календарот на скрининг процесот веќе е објавен, на 14-ти септември тимовите ќе бидат во Брисел, каде што и официјално се одржува првиот состанок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ:…

По скоро целосна обработка на гласачките ливчиња,…

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Денеска се празнува Свети Василиј Паријски

Овој добродетелен маж во времето на иконоборството…

ДИК (обработени 99%): Предност од 179.933 гласови…

Државната изборна комисија ги објави резултатите по…

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…