Објавено на:

И Киев соопшти бројки: 228 загинати, од нив 4 се деца – оштетени голем број објекти

t

Властите во Киев денеска соопштија дека – 228 луѓе, меѓу кои четири деца, се убиени од почетокот на инвазијата на Русија.

Според градскиот совет, ранети се повеќе од 900 граѓани, меѓу кои 16 деца.

Оштетени се близу 40 куќи, шест училишта и четири градинки.

Инаку, повеќе од 3,3 милиони бегалци ја напуштиле Украина по руската инвазија, соопштија денеска ОН додека речиси 6,5 милиони се смета дека се внатрешно раселени во државата.

УНХЦР, агенцијата за бегалци на ОН, соопшти дека 3.328.692 Украинци заминале од почетокот на војната на 24 февруари, а уште 58.030 се приклучиле на егзодусот по вчерашното ажурирање.

Околу 90 отсто од оние што побегнале се жени и деца. Украинските мажи на возраст од 18 до 60 години поради воен повик и не можат да заминат.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на ОН, исто така, соопшти дека од средата, 162.000 државјани на трети земји ја напуштиле Украина.

Уште милиони ги напуштија своите домови, но остануваат во границите на Украина.

Околу 6,48 милиони луѓе се проценува дека се внатрешно раселени во Украина од средата, по студијата на ИОМ. УНХЦР првично процени дека до четири милиони луѓе би можеле да ја напуштат Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин планира нуклеарен тест во близина на…

Се стравува дека рускиот претседател Владимир Путин…

Песков: Москва е подготвена за разговори со…

Тема на разговорите меѓу Москва и Киев…

Киев побарал од производителот на “Бајрактар” да…

Киев побара од турскиот производител на беспилотни…

521 развод за три месеци, во Македонија…

Според податоците на Државниот завод за статистика,…

Бомба од Киев: Од 2019 се подготвуваме…

Владата на Украина почна да се подготвува…