Напикале 130 деца во ЕДЕН АВТОБУС? Детали за вчерашниот срам, со неисправен автобус испратиле деца на карате натпревар!
Си платиле за да напикаат 130-140 деца во еден автобус и да ги носат на карате натпревар со соседна Албанија! Родители на децата за Инфомакс вечат дека организацијата е на Карате федерација на Македонија, а трошоците си ги плаќале децата сами, односно нивните родители, за на крај да им се случи тоа што се случи.

Во средата во организација на Карате федерација на Република Северна Македонија биле испратени два автобуси со околу 100-тина деца, млади каратисти на меѓународен натпревар во карате во Црна Гора поточно Балканско првенство.
За да се натпреваруваат македонските каратисти репрезентативци нивните родители платиле по околу 210 ева по дете, а за возврат животот на нивните деца бил ставен во ризик, велат родителите за Инфомакс.
Проблемите започнале уште во средата кога автобусите требале да тргнат од Скопје околу 12 часот. Првите два автобуси кои пристигнале биле дефектни па истите воопште не тргнале на пат. Патувањето се одложило два часа, а наводно од автобускиот превозник биле доведени два нови автобуси кои требало безбедно да ги одвезат децата до Црна Гора.
Голготата на младите спортисти кои се малолетни не завршува тука па така хотелот во кој биле сместени бил полн со бубачки и мувла, а храната која им била понудена на децата била дотолку катастрофална што ниту едно од децата не јадело од истата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Македонија има злато во карате: Марко Џорлев…
Македонскиот каратист, Марко Џорлев на Светското првенство…