И пожарникарите на улица: Синдикатот се закани со протест доколку не добијат подобри услови и зголемување на платите

t

Независниот синдикат на државна администрација, во чиј состав е Синдикатот на пожарникарите на Македонија денеска на средби со претставници на Владата и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, побара централизирање на единиците за противпожарна заштита во едно тело, регулирање на платите, иста вредност на бодовите и иста вредност на висина на бодот.

Горан Ристески, претседател на гранскиот Независен синдикат на државна администрација, на денешната прес-конференција рече дека на средбата со советникот за одбрана на премиерот, побарале целосно да се почитува одлуката донесена тогашниот претседател на техничката Влада, Оливер Спасовски, каде стои дека секој припадник на територијална противпожарна единица (ТППЕ) преземен од МВР да биде обесштетен со 60 илјади денари.


Ристески рече дека единствено кумановскиот градоначалник ја испочитувал оваа одлука и тие пари се дадени како дел од плата за припадниците на ТППЕ Куманово.

Според Ристески, на разговорот во Владата со советникот на премиерот наишле на разбирање околу нивното барање за целосно, а не селективно спроведување на владината одлука во делот на исплатата на вработените во ТППЕ, кои што биле преземени од МВР.

– Не се решава се со протести. Ние како Независен синдикат на државната администрација и Синдикатот на пожарникарите во Македонија се обидуваме институционално да го решиме истиот проблем. Но, доколку и понатаму не најдеме решение и разбирање од локалната и централната власт, ќе мораме да излеземе на протести. Ќе бидеме принудени, со цел не да го свртиме само вниманието, туку и да ги натераме институциите во државата да почнат да работат, рече тој.

Како што посочи Ристески, од страна на директорот на ЦУК добиле целосна поддршка за решавање на овој проблем со измена на Законот за противпожарникарство и тоа во делот на пензионирањето и начинот на пензионирање на припадниците на територијалните противпожарни единици.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цвеќе за полицијата: “Ние сакаме заедно да…

Граѓаните пред собранието им даваат цвеќиња на…

(Видео) Солза Грчева до полицијата: Спуштете ги…

Спуштете ги штитовите и пуштете го народот…

(Видео) Моментот кога “падна” оградата пред Влада

Ситуацијата пред Владата на Република Македонија ескалираше.…

(Во живо) ДЕМОНСТРАНТИТЕ БАРААТ ДА ВЛЕЗАТ ВО…

Големи тензии се случуваат моментално пред Владата…

(Во живо) ЕСКАЛИРАШЕ состојбата пред Влада

Ескалираше состојбата пред Влада на денешниот протест…