И противник на Лукашенко почина во затвор: Го оперирале па му се слошило
Во затвор почина и противник на белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Социјалдемократската партија на Белорусија во вторник (20 февруари) соопшти дека нејзиниот член Ихар Ледник починал на 63-годишна возраст во поправната колонија во затвор каде издржувал тригодишна казна под обвинение за навреда на претседателот Лукашенко. Причината за смртта сè уште не е позната. Неговите колеги изјавија дека здравјето значително му се влошило во затворот, каде што му беше опериран абдоменот. Групата за човекови права „Вјасна“ соопшти дека Ледник е петтиот политички затвореник што починал во белоруски затвор за помалку од две години.Инаку, во Русија деновиве почина рускиот опозиционер Алексеј Навални на 47 години во затвор. Сопругата Јулија обвини дека виновник за неговата смрт е рускиот претседател Владимир Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стејт департментот со предупредување до Американците да…
Американскиот Стејт департмент ги повика Американците да…
Лукашенко: Во Белорусија има десетици нуклеарни боеви…
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потврди дека…
(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово
Нема вода, а тоалетот кој го користат…
Белорусија стана држава-партнер на БРИКС
Белорусија стана земја партнер на БРИКС, објави…
Полицајци привеле осуденик, па немало место во…
Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…