И утре нè очекува голема жештина со температури до 40 степени, бидете внимателни
Високи температури низ цела Македонија најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре, 12 август (среда).
УХМР прогласи портокалов аларм за временските услови на целата територија на државата, а тој е на граница од црвен, за што е потребно два дена по ред да се измерат температури над 40 степени.
Прогнозата на УХМР е дека температурата ќе се искачи до 40-тиот степен во Гевгелија и во Демир Капија, на крајниот југ на државата. За Скопје, се очекува максимална температура од 38 степени.
Од ИЈЗ препорачуваат граѓаните редовно да внесуваат течности, да избегнуваат директно изложување на сонце од 11 до 17 часот, да носат лесна и светла облека и, доколку е можно, да престојуваат во климатизирани простории.
Посебна претпазливост се препорачува за лицата над 60 години, малите деца, бремените жени, хронично болните и работниците кои работат на отворено. Хроничните пациенти треба редовно да ја земаат пропишаната терапија и да не ја менуваат без консултација со лекар.
Од Итната медицинска помош апелираат граѓаните да не ги игнорираат првите симптоми на топлотно исцрпување, бидејќи тие можат брзо да прераснат во сериозна здравствена состојба доколку продолжи изложеноста на високи температури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Времето утре сончево со мала облачност, во…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…