И Швајцарија ги укинува Ковид мерките – Граѓаните ќе бидат слободни од утре

Швајцарија ќе ги укине речиси сите рестриктивни мерки воведени поради коронавирусот, освен носењето заштитни маски во јавниот транспорт и здравствените установи, соопшти денеска владата на таа земја.
До крајот на март, мерката задолжителна изолација ќе остане на сила во период од пет дена за лицата кои се позитивни на корона вирусот, соопшти Владата.
Укинувањето на мерките ќе стапи на сила утре, кога влезот во продавниците, рестораните и установите од културно значење ќе биде отворен за граѓаните, без ограничувања, соопшти владата, пренесува Ројтерс.
„Епидемиолошката состојба продолжува да се развива во позитивна насока. Поради високиот имунитет кај населението, малку е веројатно дека здравствениот систем ќе биде преоптоварен и покрај се уште високото ниво на циркулација на вируси“, се вели во соопштението на Владата.
Повеќе од 90 отсто од швајцарските граѓани, од кои 8,6 милиони, стекнале имунитет од корона вирусот, откако или се опоравиле или биле вакцинирани против оваа инфекција, соопштија властите, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет скијачи пронајдени мртви на планина во…
Тела на пет скијачи беа пронајдени вчера…
Стапија на сила основните царини од десет…
Голем дел од стоките увезени во САД…
Македонец, Чех и две жени од Кина…
Пет лица се уапсени во Швајцарија меѓу…
Владата утре ќе разгледува мерки за цените
Владата на утрешната седница ќе отвори дискусија…
Нема одлука за ограничување на маржите, опозицијата…
Владата вчера не ја донесе одлуката за…