И Шкупи не е тоа што беше: Скопје со големи три бода си заминува од Чаир
Претпоследниот Скопје направи вистинска сензација и му го уништи дебито на новиот тренер на првакот Шкупи, Џихан Арслан, откако „пиратите“ победија на Чаир со 1-0, па ѝ направија услуга на Струга ТЛ и безмалку го откажаа актуелниот шампион од трката за круната, па Шкендија сега е главен ривал на стружани како второпласиран со пет бода помалку од лидерот.
Струга ТЛ за осум минути ја наполни Академија Пандев за победата со 3-1 за да остане лидер, но сега со пет бода повеќе од Шкендија како втора, која со 2-0 очекувано го победи фенерџијата Победа, за разлика од Шкупи кој со поразот сега е на минус седум бода од врвот и со уште помали шанси за да го одбрани врвот до крајот на сезоната.
Бесарт Ибраими во три минути даде два гола, во 12-та и 15-та, а Мухарем во 20-та донесе убедливи 3-0 во Струга, па јасно беше дека победникот е решен во најинтересниот меч од ова коло.
Бившиот фудбалер на Шкупи, 20-годишниот Анид Абази го шокираше Чаир, па со голот му пресуди на шампионот за голема сензација, но и многу голема победа за „пиратите“, кои сега се доближија на три бода од Академија Пандев, а на Победа ѝ избегаа на плус четири во битката за избегнување на директното испаѓање, останувајќи во борба за комплетен спас и избегнување на баражот.
Смената на Чаир очигледно не донесе шок-тепрапија, па големиот фаворит седум кола пред крајот сега е на седум бода од врвот и многу тешка задача да ја одбрани титулата, зашто го чекаат само уште шест меча за играње, а во исто толку Струга ќе треба трипати да киксне.
Алмир Реџепи после пола час на Шкендија ѝ донесе предност во викторијата пред голот на Победа, а Аденис Шаља на средина од вториот дел само стави печат на победата за тетовци.
Во Штип, Брегалница и Тиквеш одиграа нула, во меч во кој во првото полувреме не направија ништо, во вториот дел имаа по неколку шанси, но мрежите мируваа. Слободен во ова коло беше Силекс, а вчера Македонија ЃП го победи Работнички со 2-1.
ПРВА ЛИГА, 25. КОЛО (15 ЧАСОТ)
Брегалница – Тиквеш 0-0
Шкендија – Победа 2-0 (1-0)
Реџепи 29, Шаља 68
Шкупи – Скопје 0-1 (0-1)
Абази 21
Струга ТЛ – Академија Пандев 3-1 (3-0)
Ибраими 12, 15, Мухарем 20 – Ергемлидзе 46
ВЧЕРА
Македонија ЃП – Работнички 2-1 (1-1)
Личина 24, Алексовски 73 – Мазари 26
Слободен е Силекс
ТАБЕЛА: Струга ТЛ 49, Шкендија 44, Шкупи 42, Силекс 38, Брегалница 33, Македонија ЃП 32, Тиквеш 29, Работнички 24, А. Пандев 20, Скопје 17, Победа 13.
ИДНО КОЛО (9 АПРИЛ): Академија Пандев – Работнички, Брегалница – Македонија ЃП, Скопје – Струга ТЛ, Победа – Шкупи, Тиквеш – Силекс. Слободна е Шкендија
Извор+фото: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…
Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…
Над 13 илјади странци се вработени во…
Развојот на различните сектори на економијата и…
Апасиев до власта: Не одите уште долго…
*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…
Поради високите температури, граѓаните да не излегуваат…
Од вчера до денес имаме пораст на…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…