Објавено на:

И Шкупи не е тоа што беше: Скопје со големи три бода си заминува од Чаир

t

Претпоследниот Скопје направи вистинска сензација и му го уништи дебито на новиот тренер на првакот Шкупи, Џихан Арслан, откако „пиратите“ победија на Чаир со 1-0, па ѝ направија услуга на Струга ТЛ и безмалку го откажаа актуелниот шампион од трката за круната, па Шкендија сега е главен ривал на стружани како второпласиран со пет бода помалку од лидерот.

Струга ТЛ за осум минути ја наполни Академија Пандев за победата со 3-1 за да остане лидер, но сега со пет бода повеќе од Шкендија како втора, која со 2-0 очекувано го победи фенерџијата Победа, за разлика од Шкупи кој со поразот сега е на минус седум бода од врвот и со уште помали шанси за да го одбрани врвот до крајот на сезоната.

Бесарт Ибраими во три минути даде два гола, во 12-та и 15-та, а Мухарем во 20-та донесе убедливи 3-0 во Струга, па јасно беше дека победникот е решен во најинтересниот меч од ова коло.

Бившиот фудбалер на Шкупи, 20-годишниот Анид Абази го шокираше Чаир, па со голот му пресуди на шампионот за голема сензација, но и многу голема победа за „пиратите“, кои сега се доближија на три бода од Академија Пандев, а на Победа ѝ избегаа на плус четири во битката за избегнување на директното испаѓање, останувајќи во борба за комплетен спас и избегнување на баражот.

Смената на Чаир очигледно не донесе шок-тепрапија, па големиот фаворит седум кола пред крајот сега е на седум бода од врвот и многу тешка задача да ја одбрани титулата, зашто го чекаат само уште шест меча за играње, а во исто толку Струга ќе треба трипати да киксне.

Алмир Реџепи после пола час на Шкендија ѝ донесе предност во викторијата пред голот на Победа, а Аденис Шаља на средина од вториот дел само стави печат на победата за тетовци.

Во Штип, Брегалница и Тиквеш одиграа нула, во меч во кој во првото полувреме не направија ништо, во вториот дел имаа по неколку шанси, но мрежите мируваа. Слободен во ова коло беше Силекс, а вчера Македонија ЃП го победи Работнички со 2-1.

ПРВА ЛИГА, 25. КОЛО (15 ЧАСОТ)

Брегалница – Тиквеш 0-0

Шкендија – Победа 2-0 (1-0)

Реџепи 29, Шаља 68

Шкупи – Скопје 0-1 (0-1)

Абази 21

Струга ТЛ – Академија Пандев 3-1 (3-0)

Ибраими 12, 15, Мухарем 20 – Ергемлидзе 46

ВЧЕРА

Македонија ЃП – Работнички 2-1 (1-1)

Личина 24, Алексовски 73 – Мазари 26

Слободен е Силекс

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 49, Шкендија 44, Шкупи 42, Силекс 38, Брегалница 33, Македонија ЃП 32, Тиквеш 29, Работнички 24, А. Пандев 20, Скопје 17, Победа 13.

ИДНО КОЛО (9 АПРИЛ): Академија Пандев – Работнички, Брегалница – Македонија ЃП, Скопје – Струга ТЛ, Победа – Шкупи, Тиквеш – Силекс. Слободна е Шкендија

Извор+фото: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК донесе измени и дополнувања на роковниците…

– Државната изборна комисија (ДИК) денеска на…

Напади на новинари и злоупотреби на медиуми…

СДСМ го осудува нападот на новинарската екипа…

Додик повторно најави можност за независност на…

Република Српска (РС) не сака да го…

Османи: Прво уставни измени, па потоа ќе…

Кандидатот за претседател, Бујар Османи истакна дека…

СДСМ: Напади на новинари и злоупотреби на…

СДСМ го осудува нападот на новинарската екипа…