Објавено на:

Казнети 23 возачи во Илинден и Петровец и 36 во Тетово, сите возеле под дејство на алкохол

t

– Вкупно 23 лица се санкционирани зашто возеле под дејство на алкохол при зајакнатата акциска контрола што ја спроведе ноќеска сообраќајната полициија во скопските општини Илинден и Петровец, додека во Тетово се казнети 36 возачи.

На сите прекршители, како што соопшти МВР, им се изготвени соодветни поднесоци. Во Илинден и Петровец контролите биле од 22:00 часот синоќа до 3:00 часот изутринава, а во Тетово од 1:00 до 5:00 часот. Во Тетово за време на контролата биле санкционирани и шест останати прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Крв во алкохолот”: Тетовец фатен со 2,89…

Полициски службеници на СВР Тетово во текот…

Не е шега: Јапонија ги повикува младите…

Младите Јапонци не пијат многу алкохол, па…

МВР “бркаше” пијани малолетници во угостителски објекти…

Малолетни лица се затекнати во консумирање алкохол…

Казнети 23 возачи во Илинден и Петровец…

– Вкупно 23 лица се санкционирани зашто…