Казните од „Сејф сити“ за службените возила си ги плаќаат самите возачи, тврди Томовски
Системот камери „Сејф сити“ (Safe City) без исклучок ги регистрира и ги казнува сообраќајните прекршоци направени со службени возила, а сметката за казната оди директно на товар на возачот кој го управувал возилото, а не на институцијата. Ова го кажа директорот на СОЗР, Ивица Томовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, отфрлајќи ги шпекулациите во јавноста дека новите обоени таблички служат како еден вид „заштита“ од казнување.
Томовски тврди дека системот веќе е тестиран на терен и дека камерите подеднакво ги ловат и државните автомобили.
„Граѓаните коментираат дека сме ги брендирале возилата со нови таблички за наводно да не ги казнува ‘Сејф сити’. Но, камерите се тестирани и ги фаќаат и овие возила. Тие воопшто не се исклучени од системот. Со оглед на тоа што за секое службено патување имаме патни налози, во секој момент точно се знае каде се наоѓало возилото и кој бил возачот во него. Казната оди директно кај него лично“, вели Томовски.
Сепак, директорот на СОЗР појасни дека постојат и специфични, законски оправдани исклучоци кога државните служби мораат да реагираат за стопирање на прекршочните пријави.
„Има случаи кога сме реагирале за поништување на одредена казна, но тоа се случува исклучиво во ситуации кога возилата се движат во рамки на официјална, безбедносно протоколарна делегација“, кажа Томовски.
Во сите останати случаи, кога службените лица ги користат возилата за редовни тековни обврски, тие подлежат на истите сообраќајни правила и парични казни како и сите останати учесници во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Казните од „Сејф сити“ за службените возила…
Системот камери „Сејф сити“ (Safe City) без…
Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно…
Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно…
АХВ изрече над 19 илјади евра казни…
Парични казни од над 19 илјади евра…
Tри лица се лишени од слобода во…
Вчера (05.04.2026), во временскиот период од 13:00…
Намалување на казните од Безбеден град: 4.490…
Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026 од…