Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, од нив деветмина возеле без возачка дозвола

t

Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, од нив деветмина возеле без возачка дозвола, информираа од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, од кои деветмина затоа што управувале возила без возачка дозвола (тројца во Скопје, по двајца возачи во Тетово и Струга, а по еден во Прилеп и Куманово), еден возач во Прилеп управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во Скопје управувал возило иако имал активна мерка забрана за управување. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…

Странските државјани кои со возила со странски…

Колони на Табановце: Отворени осум пунктови за…

По големиот сообраќаен метеж и километарските колони…

60 пијани возачи се казнети за само…

Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…

Казни од 1.500 до 2.000 евра –…

Од 1 јули до 31 август се…

Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…