Како блокадата на ИПАРД 3 програмата ќе влијае на земјоделците?

t

Колкава ќе биде штетата од скандалот со ИПАРД Фондовите и како тоа ќе влијае врз земјоделците, кои вложиле и чекаат финансиска поддршка е прашањето кое се отвора по аферата со мито за доделување на ИПАРД средства, која деновиве ја бранува јавноста. Од Националната земјоделска мрежа за 24 објаснуваат дека најмалку 400 апликанти се засегнати со овој проблем.

И потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Серафимов посочува дека единствена опција во моментов е само да се почека и да се види каков ќе биде исходот, но дека парите кои земјоделците ги чекаат за да ги реализираат планираните инвестиции се веќе вложени од нивна страна и ова претставува дополнителен удар врз земјоделството, бидејќи како што кажа станува збор за големи суми.

Инаку, за ИПАРД 3 програмата предвидени се 98 милиони евра, а исплатени досега се само 8. Од Министерството за финансии, велат дека се работи на 73 апликации кои тежат над 20 милиони евра, но нивното одобрување и исплата ќе зависи од исходот на скандалот со платежната агенција. Во просек на годишно ниво агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мисајловски: Иницираме постапка како да им помогнеме…

Министерството за одбрана работи на решение со…

Дали македонските служби го следат профилот што…

Словенија е во фокусот на европската јавност…

(Видео) МИСТЕРИОЗНИ „ЅИДОВИ“ СРЕДЕ МОРЕ: Дали Кина…

Светот со неверување гледа во сателитските снимки…

Новиот закон за пушење на 24-ти март…

Заштита на граѓаните кои не пушат цигари,…

Руски борбен авион влета во воздушниот простор…

Тензиите меѓу Русија и НАТО денеска се…