Руски борбен авион влета во воздушниот простор на НАТО
Тензиите меѓу Русија и НАТО денеска се искачија на опасно ниво по инцидентот во Финскиот Залив. Руски борбен авион од типот „СУ-30“ го повреди воздушниот простор на Естонија, задржувајќи се околу една минута во близина на стратешкиот остров Ваиндло. Иако естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цахкна, смирува дека безбедноста на земјата не била директно загрозена, реакцијата на НАТО беше експресна и недвосмислена.
Веднаш по откривањето на упадот, италијанските воздухопловни сили, кои се дел од балтичката мисија на НАТО, ги кренаа своите единици во пресрет на рускиот авион. Дипломатскиот одговор не задоцни – рускиот дипломатски претставник во Талин е итно повикан на „рапорт“ во министерството за да даде објаснување за овој дрзок маневар.
Ова не е првпат Русија да ги тестира нервите на Алијансата на овој терен. Сепак, по минатогодишниот инцидент кога три руски авиони поминаа цели 12 минути во естонското небо, овој најнов потег се толкува како свесно „чепкање“ во одбраната на НАТО во период на глобална нестабилност. Додека Москва молчи или ги отфрла обвинувањата како лажни, балтичките земји остануваат во состојба на висока борбена подготвеност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
(Видео) Ученик со пушка и пиштол отвори…
Најмалку две лица загинаа, а девет беа…
34 години АРМ: Модерна, современа и целосно…
Армијата денеска одбележува 34 години од формирањето…
Си Џинпинг пристигнува во САД на 23…
Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе отпатува во…
Денес се празнува Светиот маченик Евсигниј
Беше војник кај царот Максимијан, кај царот…