Како на филм: Го нападнале и му го украле возилото!

На 16.12.2022 во 17.00 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги лишиле од слобода Б.Р.(29) и Џ.А.(55), двајцата од с.Добридол.
Тие се сомничат дека околу 02.30 часот во угостителски објект во с.Добридол физички и со тврд предмет го нападнале А.А.(24) од с.Пирок, општина Боговиње, по што го одзеле возилото „рено твинго“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на неговата сестра, кое тој го управувал. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец украл велосипед од 1.600 евра, па…
18-годишен скопјанец е осомничен дека украл велосипед…
Бугари фатени како крадат голема количина масло…
Тројца Бугари се обиделе да украдат поголемо…
Малолетен ученик украл лаптопи од училиште во…
На 02.03.2023 полициски службеници од Одделението за…
Расчистени 12 тешки кражби во Кочани, приведени…
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи…
Кумановка украла телефон и платежна картичка па…
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во…