Камионџиите од Западен Балкан утре на средба во Скопје, ќе бараат решение за проблемот со Шенген
Превозниците од Западен Балкан утре во Скопје ќе бараат решение за проблемот со престојот на професионалните возачи во шенген-зоната. На регионалната средба ќе учествуваат претставници на здруженијата на превозници од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
Ова е првпат ваква средба да се одржи во Македонија, а главната тема ќе биде ограничувањето на престојот на професионалните возачи на 90 дена во период од 180 дена.
Превозниците од Западен Балкан бараат професионалните возачи да бидат изземени од ова правило, бидејќи поради природата на нивната работа често мораат да поминуваат подолги периоди во земјите од шенген-зоната.
-Проблемот сè уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности- изјави за МИА Биљана Муратовска од Асоцијацијата на превозници – МАКАМТРАНС.
Превозниците веќе испратиле писмо до Европската Унија со барање за директна средба и решение за професионалните возачи од Западен Балкан. На утрешната средба во Скопје треба да се утврдат следните чекори и заедничката стратегија со која регионалните превозници ќе настапат пред европските институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Камионџиите од Западен Балкан утре на средба…
Превозниците од Западен Балкан утре во Скопје…
И реките Тополка и Бабуна загадени, не…
Најновите анализи што ги изврши Центарот за…
(Видео) Трамп се пофали дека го нарекувале…
Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа незгоден момент…
„Не сум против фрлање јајца, за дијалог…
Лидерот на Самоопределување и вршител на должноста…
Германија го заострува ставот за мигрантите, бара…
Германија го заострува ставот кон враќањето на…