Кампањата „Кажи НЕ на пушењето“ на НАЦИОНАЛНО ниво!

t

Кампањата „Кажи НЕ на пушењето“ на НАЦИОНАЛНО ниво!

По три години посветена работа, EКТЕР – Битола со гордост објавува дека едукативната кампања против пушење „Кажи НЕ на пушењето“ започна ново поглавје – национално ширење низ основните и средните училишта во Северна Македонија! Во изминатите три години, нашите едукатори и соработници, предводени од учителката од милион долари, Весела Богдановиќ посетија повеќе од 30 училишта низ земјата, каде одржаа интерактивни и едукативни работилници со ученици од различни возрасти.

Преку игри, дискусии и креативни активности, младите имаа можност да научат за штетноста од пушењето, како и за начините како да кажат НЕ на притисокот од средината.

Како дел од кампањата го создадовме и Прирачникот за борба против пушење – збирка со игри, активности и едукативни методи наменети за деца и тинејџери, кој оваа година беше преведен и на Турски и Албански јазик.

Прирачникот е лесно применлив во училишна и воннаставна средина, и ќе биде дистрибуиран низ сите училишта Амбасадори и сите наствници кои ќе се приклучат во борбата против пушењето.Оваа значајна кампања не би била можна без поддршката од Програмата за директна помош (DAP) на Амбасадата на Австралија во Белград, на што сме бескрајно благодарни.

Веруваме дека младите се клучот кон здрава иднина, и дека само преку навремено информирање и поддршка можеме да изградиме генерации кои избираат здрав живот без тутун и цигари.Следете нè за нови информации, и вклучете се во националната акција – кажи НЕ на пушењето!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кампањата „Кажи НЕ на пушењето“ на НАЦИОНАЛНО…

Кампањата „Кажи НЕ на пушењето“ на НАЦИОНАЛНО…

Родителите дојдоа во училиште наместо децата во…

Основното училиште „Влада Аксентијевиќ“ од Белград не…

Освен скандалот во Челопек, има пријави и…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…

Над 1.000 луѓе евакуирани поради невремето во…

Реката Сенио се излеа во населбата Кастел…

Камала Харис собра 540 милиони долари за…

Демократската кандидатка Камала Харис собра 540 милиони…