Над 1.000 луѓе евакуирани поради невремето во Италија, затворени училишта
Реката Сенио се излеа во населбата Кастел Болоњезе кај Равена, при што водата стигна до центарот на градот, додека низ регионот Емилија-Ромања повеќе од 1.000 луѓе се евакуирани поради влошување на временските услови, соопштија локалните власти.
Покрај 800 луѓе евакуирани во областа Равена, уште 165 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во областа Болоња, јавува Анса.
Возовите од синоќа се прекинати меѓу Форли и Фаенца, меѓу Равена и Кастел Болоњезе, Равена и Ферара и меѓу Равена и Фаенца поради временските услови кои можат да доведат до поплави.
Покрај железничкиот сообраќај, затворени се и училиштата.
Најпогодени провинции се Болоња, Чезена, Форли, Равена и Римини.
Во мај 2023 година, регионот беше погоден од поплави и одрони поврзани со врнежи во кои загинаа 15 луѓе и предизвикаа штета од милијарди евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во Италија поради одлуката на синџир…
Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Мелони забранува носење на бурки и никаби…
Италија се подготвува да го забрани покривањето…
Италија: Дронот што го соборивме над Литванија…
Италија соопшти дека дронот што италијански борбен…
Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…
Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…