Канада: Во првите 40 дена со Омикрон евидентирани се повеќе заразени отколку во цела 2020 година

t

Во првите 40 дена откако се појави варијантата „Омикрон“ на Ковид-19, во Канада забележани се повеќе случаи на зараза отколку во 2020 година, пренесува Агенција Анадолија.

Варијантата „Омикрон“, која за првпат во Канада е откриена на 29 ноември 2021 година, продолжува брзо да се шири низ целата земја.

Според податоците на Сојузното Министерство за здравство и Агенцијата за јавно здравје, во бранот на „Омикрон“ во изминатите 40 дена се регистрирани вкупно 777.609 нови случаи.

Помеѓу 15 февруари 2020 година и 31 декември 2020 година, што се смета за почеток на епидемијата на Ковид-19, забележани се 581.395 случаи.

Од друга страна, бројот на случаи на зараза со Ковид-19, кој на 3 јануари 2022 година во Канада изнесуваше 2.268.241, достигна 2.595.280 со зголемување од околу 327.000 во еднонеделниот период до 10 јануари. Бројот на заболени, кој минатата недела на дневна основа изнесуваше 34.000 новозаразени, се зголеми на 46.719.

Во Канада, бројот на луѓе кои ги загубија животите поради Ковид-19 во периодот од 3 до 10 јануари 2022 година се зголеми за 479, достигнувајќи 30.863.

– Трудо: „Имаме доволно вакцини за сите“
Во меѓувреме, канадскиот премиер Џастин Трудо соопшти дека има доволно вакцина во земјата за секој да може да ја прими и четвртата доза.

Трудо на онлајн состанок со државните премиери рече дека имаат доволно вакцина при рака за две дози, по што ќе следи засилена доза, а потоа и четврта доза.

Премиерот Трудо исто така изјави дека 140 милиони комплети за брз тест ќе бидат испорачани во сите држави овој месец.

Бројот на луѓе кои примиле две дози вакцина во Канада изнесува 29.541.242. Досега со третата доза, поради бранот на варијантата Омикрон, вакцинирани се 10.348.741 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

Медиуми: Канада подготвува масовна евакуација на своите…

Канада подготвува масовна евакуација на своите граѓани…

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

Фон дер Лајен, Де Кроа, Мелони и…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…