Канадскиот премиер најави ограничени контрамерки на американските царини

Канадскиот премиер Марк Карни денеска објави ограничен сет на контрамерки против американските царини, со оценка дека „протекционистичките потези“ на американскиот претседател Доналд Трамп се „трагедија за глобалната трговија“.
Карни рече дека канадската Влада ќе го имитира американскиот пристап со воведување царина од 25 отсто за сите возила увезени од САД кои не спаѓаат во трговскиот договор меѓу САД, Мексико и Канада, пренесуваат британските медиуми.
Канадскиот премиер на прес-конференција рече дека новите тарифи нема да важат за автоделови и нема да влијаат на возилата од Мексико.
-Со оглед на потенцијалната штета за сопствениот народ, американската администрација на крајот треба да го промени курсот. Но, не сакам да давам лажна надеж, рече Карни.
Тој додаде дека може да биде потребно долго време за САД да го променат својот пристап и потврди дека претходно најавените канадски царини ќе останат на сила.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чарлс Трети во посета на Канада во…
Британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга…
Трамп ќе учествува на самитот на Г7…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе учествува на…
Канадскиот премиер во вторник ќе се сретне…
Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека…
Либералите на премиерот Карни победија на изборите…
Либералната партија на премиерот Марк Карни е…
Трамп ја покани Канада да стане 51-ва…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ посака…